Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека се активирал вулканот Асама, што се наоѓа во централниот дел на земјата и ги предупреди граѓаните да не се приближуваат до местото.
https://youtu.be/Gnk-a9dBRD4
По ерупцијата издадено е предупредување од трето ниво од вкупно пет. Граѓаните се предупредени да не се приближуваат до вулканот.
Асама се наоѓа на 2.568 метри надморска висина на островот Хоншу, околу 140 километри северозападно од Токио.
Нема информации за предизвикана штета во слабо населената област.