Сите комерцијални летови кон шпанскиот остров Ла Палма се запрени денеска поради големата количина вулканска пепел од вулканот Кумбе Виеја кој еруптира од минатата недела.
Повторно се воспоставени летовите на соседните острови Тенерифе и Ла Гомера.
Ситуацијата се влоши ноќеска па пожарникарите и доброволците кои му помагаа на нселението во евакуацијата беа принудени да се повлечат. Како мерка на внимателност, евакуирани се и жителите на три помали места на островот.
El volcán de la isla de La Palma en plena actividad. En erupción y explosiones pic.twitter.com/fVvxyG93LA
— Augusto Uribe (@augustouribe) September 24, 2021
Од почетокот на ерупцијата евакуирани се околу 6.000 луѓе. Лавата досега уништи 420 куќи и 190 хектари земја.