Планинскиот вулкан Онтаке во централна Јапонија денеска исфрли голем облак пепел, поради што е издадени предупредување планинарите да ја избегнуваат областа.
При активноста на вулканот неколку лица се полесно повредени.
Вулканот Онтаке е висок 3.067 метри и се наоѓа меѓу префектурите Нагано и Гифу во планинската област.
Јапонската метеоролошка агенција го подгина нивото на предупредување за вулканот Онтаке на три, на скалата од еден до пет и ги предупреди граѓаните да не претстојуваат на планината Онтаке.