ВИДЕО: Ерменија ги обвини азербејџанските сили за гранатирање на позната црква

Од:

Неколку новинари денеска биле ранети во гранатирањето на црквата Свети Спасител во градот Шуши во Нагорно Карабах во Азербејџан, изјави шефот на информативниот центар на ерменската влада, Ованес Мовсисијан. Според него, во критична состојба е руски новинар кој бил во близина на катедралата во време на гранатирањето.

Ерменските власти во спорниот регион Нагорно-Карабах објавија снимки на кои се гледа дека црквата, позната и како Газанчецоц, која е симбол на градот Шуши, е оштетена.

Азербејџанската страна остро демантираше дека нејзините сили стојат зад нападот.

Градена од 1868 до 1887 година, црквата е седиште на епархијата Нагорно-Карабах на Ерменската апостолска црква. Црквата висока 35 метри е обележје на Шуши и Нагорно Карабах.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“