Четири лица загинаа, а многу се повредени во експлозија на гас во ресторан во западна Турција, соопштија локалните власти.
#Torbalı #sondakika #breakingnews #izmir #torbalı #patlama #kusadasıyanıyor #explosion #Turkey İzmir'de bir binada patlama: 3 ölü, 20 yaralı Doğalgaz nedeniyle olduğunu söyleyenler de var pic.twitter.com/IuPmmui0Bj
— DepremCloud7 (@DepremCloud7) June 30, 2024
– Четворица наши граѓани ги загубија животите, голем број се повредени, а некои од нив се во многу тешка состојба – изјави Сулејман Елбан, гувернер на провинцијата Измир.
Бројката од четворица загинати ја потврди и градоначалникот на Торбали, градот во кој се случи експлозијата, додавајќи дека околу 20 лица се повредени, од кои некои потешко.
Сликите од местото на несреќата покажуваат и оштетувања на фасадите на околните згради поради експлозијата.