Силни експлозии и истрели денеска се слушнале во трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби, кој во саботата беше нападнат од исламистички екстремисти, кои се уште се наоѓаат внатре и држат заложници.
Од покривот на шопинг центарот се издигнува црн чад, објавија некои западни медиуми, според кои, во објектот одекнале три до четири експлозии.
Во нападот се убиени најмалку 69 лица, а речиси уште толку се водат како исчезнати, соопшти кенискиот Црвен крст.