ВИДЕО: Eдинствената болница за пациенти со карцином во Газа престана да работи

Од:

Единствената болница за за пациенти заболени од рак во Газа престана да работи, соопштија здравствените власти. Болницата за турско-палестинско пријателство беше принудена да ги прекине сите услуги откако остана без гориво, изјави нејзиниот директор. „Бараме од светот да не ги остава болните од рак на сигурна смрт бидејќи болницата не работи“, рече Субхи Скаик. Палестинскиот министер за здравство Маи ал-Каила ги потврди изјавите на директорот.

Тој рече дека со ова вкупниот број на болници кои престанале да работат во регионот се искачи на 16 од вкупно 35. „Животите на 70 болни од рак во болницата се во сериозна опасност“, рече тој и додаде: „Бројот на болните од рак во Појасот Газа е околу 2000. Живеат во катастрофални здравствени услови поради израелската агресија на Појасот и раселувањето на голем број луѓе“.

Очајните хуманитарни услови во регионот предизвикаа голема загриженост ширум светот бидејќи храната, горивото, водата за пиење и лековите се во недостиг, а болниците се борат да ги лекуваат жртвите. Хуманитарните агенции го повикаа Израел да дозволи испорака на гориво до опколената енклава, но Израел одби поради загриженоста дека ќе биде преземен од Хамас.

Би можело да ве интересира

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила