Едно лице загина, а неколкумина се повредени денеска во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација каде се верува дека во време на ерупцијата имало најмалку 50 луѓе.
– Дел од нив беа транспортирани на брегот, и најмалку еден од нив беше во критична состојба, се вели во полициското соопштение.
Здравствените служби соопштија дека имало дваесетина повредени.
My god, White Island volcano in New Zealand erupted today for first time since 2001. My family and I had gotten off it 20 minutes before, were waiting at our boat about to leave when we saw it. Boat ride home tending to people our boat rescued was indescribable. #whiteisland pic.twitter.com/QJwWi12Tvt
— Michael Schade (@sch) December 9, 2019
Вулканологот Бред Скот изјави пред локална радио станица дека станува збор за силна ерупција.