ВИДЕО: Еден загинат и 80 исчезнати при несреќа на воз натоварен со нафта во Канада

Од:

Едно лице загина, едно е повредено, а околу 80 други се водат како исчезнати при експлозија и пожар до кој дојде вчера кога товарен воз со вагон-цистерни што превезувале нафта излета од шините во центарот на градот Лак-Мегантик во канадската провиниција Квебек, на 250 километри источно од Монтреал.

Пожарот уништи 30-тина објекти околу местото на несреќата, а во негово гаснење, кое траело околу 20 часа, учествувале околу 150 канадски пожарникари и нивни колеги од американската сојузна држава Мејн, која се наоѓа на 25 километри јужно од Лак Мегантик.

Претставник на локалната противпожарна служба информира дека не е позната судбината на околу 80 лица, од кои 50-тина во време на несреќата се наоѓале во еден бар од кој „не останало ништо“.

Поради пожарот локалните властите евакуираа речиси 2.000 од вкупно околу шесте илјади жители на градот. Градоначалничката на Лак-Мегантик, Колет Рој-Ларош изјави дека пожарот го уништил „речиси целиот центар“ на малиот град.

Властите на Квебек соопштија дека композицијата ја сочинувале вкупно 72 вагон-цистерни, кои биле натоварени со по 100 тони нафта.

Компанијата сопственик на возот „Монтреал Меин анд Атлантик“ меѓутоа информира дека композицијата се состоела од пет локомотиви и 77 вагон-цистерни, кои пренесувале нафта од американсакат сојузна држава Северна Дакота.

Канадското Министерство за животна средина информира дека дел од нафтата од вагон-цистерните се излеала во блиската река.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба