Најмалку осум лица загинаа во поплавите, откако североисточниот дел на САД беше зафатен од поројниот дожд, последица од ураганот Ида, соопштија денеска официјални лица. Меѓу жртвите има и двегодишно дете јавуваат американските медиуми.
Седум од смртните случаи се пријавени во сојузната држава Њујорк, а осмиот во Њу Џерси.
Multiple motorists were left stranded in their vehicles in New York, after getting caught in flash floods caused by Hurricane Ida.
NYC Mayor, Bill de Blasio, declared a state of emergency with record-breaking rain across the city leading to flooding ? https://t.co/VuhEwXjH7z pic.twitter.com/ET03nd5j1o
— Sky News (@SkyNews) September 2, 2021
Низ целиот североисток, патиштата се претворија во брзаци, најголемата метро мрежа беше речиси целосно суспендирана и беа пријавени голем број спасувачки операции по рекордниот дожд.
Вонредни состојби се прогласени за државата Њујорк, градот Њујорк и за Њу Џерси.
Гувернерката на државата Њујорк Кејти Хокул и градоначалникот Бил де Блазио прогласија вонредна состојба, бидејќи остатоците од бурата Ида предизвикаа огромни поплави во финансискиот и културниот главен град на САД.
Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на океаните и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.