ВИДЕО: Двајца загинати во стравична несреќа со самоуправувачка „Тесла“ во САД

Од:

Две лица загинаа во американската сојузна држава Тексас, во сообраќајна несреќа во електромобил „Тесла“. Според надлежните во градот Хјустон, „при несреќата никој не седел на возачкото место“, како што стои во известувањето.

Полицијата во Округот Харис соопшти дека едно лице е пронајдено на местото на несреќата на совозачкото седиште, а друго на задното седиште во саботата вечерта. Полицаецот Марк Херман изјави дека истражителите не се сигурни дека некој управувал со возилото за време на несреќата.

– Според положбата на каросеријата, се чини дека тие биле прилично самоуверени додека се возеле, па се чини, никој не управувал со автомобилот, изјави Херман.

Идентитетот на жртвите не е објавен, само се знае дека се на 69, и 59-годишна возраст.

„Тесла“ не одговори веднаш на барањето за коментар. Компанијата, инаку, ги предупредува корисниците дека системот за помош на возачот, наречен „Автопилот“, не е програма за самуправувачко возење и дека мора да се обрне внимание, како и дека возачите мора да бидат подготвени во секој миг да го фатат воланот.

Сепак, Националната алијанса за безбедност во сообраќајот соопштува дека системот им овозможува на возачите да не прават разлика кога може, а кога да не се користи автоматски пилот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он

Маск ги продаде акциите на Тесла

А1он

Акциите на Тесла паѓаат поради Твитер, новата инвестиција на Маск

А1он

Маск продаде акции од „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари

Ана Ололовска