Кина ја погодија два силни земјотреси во кои има најмалку три жртви, а повредени се десетици. Вториот земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтерсе случи во централна кина, 524 километри од градот Ланжу, во кој живеат 2,6 милиони луѓе. Потресот се случил денеска рано наутро по локално.
Претходно, земјотрес ја погоди провинцијата Јунан. Тој земјотрес, околу 1.000 километри оддалечен од денешниот, имаше сила од 6,4 по Рихтер.
Вториот, посилниот земјотрес се случи во слабо населен дел од земјата, но поради неговата сила бил почувствуван во бројни големи градови.