(ВИДЕО) Драматични снимки од Флорида, се е под вода: „Ситуацијата е крајно опасна“

Од:

Опасниот ураган од трета категорија Идалија (од максимални 5) пристигна во областа на Флорида, а ветровите дуваа околу 200 км/ч. Идалија е третиот ураган што ја погоди Флорида во изминатата година, по ураганот Иан во септември 2022 година и ураганот Никол во октомври 2022 година. Оттогаш ослабна до категорија 2.

Идалија се очекува да донесе значителни бранови на бури и да предизвика издигнување на морињата помеѓу 1,2 и 1,5 метри во заливот Тампа. Повеќе од 230.000 жители на Флорида се веќе без струја, пишува CNN.

Исто така, издадено е предупредување за торнадо за речиси 12 милиони луѓе низ централна и северна Флорида и југоисточна Џорџија. Жителите се предупредуваат сериозно да ја сфатат ситуацијата бидејќи ќе дојде момент кога службите за итни случаи повеќе нема да можат да пружат помош. Веќе се пријавени проблеми со пристапот до некои евакуирани области.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крвава Ноќ на вештерките на Флорида: двајца мртви, 18 повредени

Катерина Ѓуровски

Близначки пронајдени мртви во кутија за играчки на Флорида: Се задушиле објаснува мајката

(ВИДЕО) Драма на лет за Флорида: Четири лица повредени во авион поради силни турбуленции

ВИДЕО: 18-месечно девојче од Флорида почина од жештина заборавено во автомобил

(ВИДЕО) Неверојатна снимка: Шимпанзо кое го помина целиот живот во кафез првпат го виде небото

Се запали камперско возило во Флорида, загинаа пет кучиња

Горан Наумовски