ВИДЕО: Драматична снимка од летот на Боинг: Луѓето хипервентилираа, авионот во слободен пад

Од:

Уште еден авион „боинг“ имаше проблеми минатиот викенд, додека компанијата е под интензивна контрола од почетокот на годинава.

За време на летот на авиокомпанијата „Korean Air“, авионот се спуштил за речиси девет илјади метри за 15 минути поради пад на притисокот во кабината, пренесува британски Дејли Мејл.

Инцидентот се случи во саботата, само 30 минути по полетувањето од аеродромот Инчеон, а како што пренесува британскиот таблоид, станува збор за авион „Боинг“ 737 MAX 8, чија дестинација бил аеродромот Тајчунг.

По инцидентот лекарска помош побарале 17 патници поради болки во ушите, а подоцна биле прегледани и пуштени без сериозни повреди, пишува Дејли Мејл.

Како што е објавено на социјалната мрежа Х, при „колапсот“ на авионот на патниците им било кажано веднаш да користат маски за кислород, а поради тоа неколку патници побарале помош поради хипервентилација.

„Пеколното“ патување продолжило дури следниот ден, а компанијата „Кореан Ер“ им се извинила на сите кои биле засегнати од ситуацијата со објаснување дека во тек е истрага за расветлување на околностите на инцидентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици