Обилните врнежни предизвикаа големи поплави во северна Индија, поради што се стравува дека најмалку 60 луѓе ги изгубија животите.
Екипата за спасување повика воени хеликоптери кои ќе ги префрлат жителите од отсечените села, бидејќи водата однесе голем број домови и делови од патиштата во државата Утараканд на Хималаите.
Министерот за вонредни ситуации и помош, Јашпал Ариј изјави дека не е потврден точниот број на загинати, бидејќи комуникацијата е во прекин. Но според првичните проценти најмалку 60 лица настрадаа, а 50.000 се отсечени во планинските предели.
Нивото на реките низ државата продолжува да се зголемува, поплавувајќи ги патиштата и блокирајќи илјадници верници кои тргнале да посетат едно светилиште.
Постојаните дождови ги попречуваат спатувачите, додека екипата за природни катастрофи кампува во туристичкиот центар Харидвар, чекајќи со хеликоптери да бидат префрлени во најзагрозените области.
Државната власт дели храна, лекови, шатори за настраданото население, но според нив ситуацијата е многу лоша.
Метеоролошката служба предвиде дека дождот ќе потрае уште најмалку три дена.
Елена Георгиевска