(ВИДЕО) Драма на аеродромот во Тел Авив: Шолц излезе од авионот и легна на пистата со другите патници

Од:

Вистинската драма се случи на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во моментот кога авионот на германскиот канцелар Олаф Шолц требаше да полета. Како што може да се види на видеото од социјалните мрежи, неколку секунди пред полетувањето се огласиле сирените за напад. Шолц веќе бил во авионот, но дојде наредбата сите патници да излезат од него и да легнат на пистата.

Шолц беше брзо евакуиран од авионот и однесен со автомобил во засолниште.

– Канцеларот со свои очи можеше да види две експлозии – пишува „Билд“.

Како што беше најавено, израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ собори ракети на Хамас од небо.

„Билд“ пренесува дека потоа бил претресен авионот на германската влада со цел да се утврди дали има евентуални опасности.

По проверката, на Шолц и неговите соработници им било дозволено да се качат во авионот и да летаат за Каиро.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа