ВИДЕО: Доријан ги опустоши Бахамите, најмалку пет жртви на ураганот

Од:

Премиерот на Бахамите, Хуберт Минис, денеска изјави дека најмалку пет лица погинале на островите Абако од ударот на ураганот Доријан, што во меѓувреме ослабна до категорија четири, но во следните денови и натаму ќе биде многу силен.

Минис кажа дека и жителите на блискиот остров Грејт Бахама се сериозно загрозени од ураганот.

-Спасувачките екипи ќе тргнат во акција штом временските услови тоа го дозволат, додаде Минис.

Според него, многу куќи и згради се значително оштетени или уништени.

-Се наоѓаме на среде историска трагедија, рече Минис, пренесен од американските медиуми.

Американскиот Центар за урагани наведува дека Доријан е најсилниот ураган што било кога ги погодил Бахамите.

Жителите се уште се наоѓаат по засолништата, без струја, а американските медиуми јавија дека ураганот предизвикал огромна штета во некои делови на Бахамите каде се уништени куќи и поплавени цели населби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски