Рано изутрина на 10. септември јак блесок ги осветли облаците над Јупитер, а научниците веруваат дека се работи за последица од ударот на џиновски астероид.
Астрономот-аматер Ден Питерсон прв ја примети појавата, која траше две секунди.
Огромната експлозија најверојатно е предизвикана од ударот на астероид или комета во Јупитер, што не е прв пат да се случува вакво нешто. Астрономите чекаат вечерва да ги откријат последиците од експлозијата, бидејќи сеуште не се знае дали ударот остави последици на површината на планетата.