ВИДЕО: Детали за киднапирањето на Николас Мадуро, заврши во притвор во САД

Од:

Американската новинарка на CBS, Џенифер Џејкобс, објави, повикувајќи се на свои извори, дека операцијата за киднапирање на венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја извршиле членови на Делта Форс, единица за специјални мисии.

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово објави дека Николас Мадуро и неговата сопруга се заробени и сега се надвор од земјата, по моќните напади што беа извршени во Венецуела.

Во кратко интервју за NYT, Трамп ја нарече операцијата брилијантна.

Според Wall Street Journal, потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез е безбедна.

Исто така, министерот за одбрана, чија куќа исто така беше нападната, Владимир Падрино Лопез, се обрати до јавноста и рече дека нема да преговара ниту да се предаде и дека на крајот ќе победи.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро е во притвор во Соединетите Американски Држави, каде што ќе му се суди по кривични обвиненија, објави републиканскиот сенатор Мајк Ли.

Тој денес изјави дека американскиот државен секретар Марко Рубио му кажал дека Мадуро е уапсен од американските сили и дека му се суди по кривични обвиненија во САД.

„Рубио не очекува понатамошни дејствија во Венецуела сега кога Мадуро е во притвор во САД“, напиша Ли на X откако разговараше со највисокиот дипломат на Вашингтон, објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови на Иран за атентат врз Трамп

А1он

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

А1он

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје