(ВИДЕО) Детали за хоророт кај Париз: Мајката и ќерките биле толку избодени што не можело да се преброи

Од:

Француската полиција уапси маж осомничен за убиството на сопругата и четирите деца во напад со нож утрото на Божиќ, соопшти јавниот обвинител.

Нивните тела беа пронајдени во понеделникот вечерта во крвав стан во градот Мо, 40 километри североисточно од Париз.

Локалниот обвинител Жан Батист Бладиер изјави дека мајката и двете ќерки биле толку многу избодени што било невозможно да се утврди бројот на убодните рани. Двајцата помали сина се чини дека починале од задушување или давење.

Полицијата го приведе 33-годишниот татко на децата во понеделникот вечерта во блискиот град. Обвинителот отвори истрага за убиствата.

Децата биле на возраст од девет месеци до 10 години. Соседите им кажале на инспекторите дека слушнале врисоци во раните утрински часови на Божиќ. Алармот бил вклучен подоцна во текот на денот откако не добиле никаков одговор од семејството.

Мажот имал историја на ментална болест, рече обвинителот. Тој веќе ја нападнал сопругата со нож во 2019 година. Сопругата не поднела обвинение, а случајот потоа бил отфрлен поради неговото ментално здравје.

Инспекторите пронајдоа медицински досиеја и рецепти за антидепресиви во станот на семејството, рече обвинителот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски