ВИДЕО: Десетици ерменски војници разнесени во азербејџански напад со дрон

Од:

Судирите меѓу Азербејџан и Ерменија за спорниот пограничен регион Нагорно-Карабах се разгоруваат и стануваат сè покрвави со секој ден, а двете земји објавуваат видеа од фронтот на кои може да се види размерот на уништувањето.

Азербејџан денеска објави вознемирувачка снимка на која се гледа напад со ракета од дрон врз група од триесетина ерменски војници, кои растовараат камион.

Војниците, според азербејџанската војска, биле дел од резервниот состав на ерменската армија, а на видеото е прикажано како се погодени со директен удар од ракетата испукана од беспилотното летало.

Моќната експлозија ја уништува целата локација на нападот, а на снимката може да се види како војниците се буквално разнесени од силината на ударот.

Според информациите од завојуваните земји, во досегашните судири меѓу Ерменија и Азербејџан загинале по повеќе стотици војници од двете страни, а на обновените непријателства околу долготрајниот спор за Нагорно-Карабах не им се гледа крајот.

Во Ерменија е објавена задолжителна мобилизација на сите мажи од 18 до 55 години, на кои им е и забрането да ја напуштаат земјата. Во Азербејџан е прогласен полициски час, а во тек е мобилизација на резервниот армиски состав.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“