(ВИДЕО) Демонстрации во Истанбул, полицијата уапси граѓани поради постови против Ердоган

Од:

Турските власти уапсија десетици лица осомничени за „провокативни“ објави на социјалните мрежи, откако полицијата вчера го приведе градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Главниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган беше уапсен вчера заедно со уште стотина лица, меѓу кои и политичари, новинари и бизнисмени.

Имамоглу е осомничен по повеќе основи, вклучително и водење на криминална организација, помагање терористи, примање мито и местење тендери.

Налогот за апсење на градоначалникот на Истанбул беше издаден само неколку дена пред внатрепартиските избори во главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), на кои се очекуваше Имамоглу да биде избран за кандидат на ЦХП на претседателските избори во Турција.

Избори се планирани за 2028 година, но се споменува можност за предвремено гласање.

ЦХП рече дека апсењето на Имамоглу е „обид за државен удар против идниот претседател“.

Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, утринава објави дека полицијата идентификувала 261 „осомничени менаџери на сметки“ на интернет, додавајќи дека овие лица објавуваат содржини што „ја поттикнуваат јавноста на омраза и непријателство“ и „поттикнуваат на извршување криминални дејствија“.

– Уапсени се 37 осомничени, а се работи на фаќање и на останатите осомничени – рече Јерликаја.

Би-Би-Си јавува дека Имамоглу ја поминал првата ноќ во затвор, но дека неговата опозициска партија засега сè уште ја контролира власта во Истанбул.

Еден од неговите претходни говори вчера беше емитуван на звучници на метро станиците низ најголемиот турски град.

„Се колнам во мојата чест дека ќе победам во оваа борба“, рече Имамоглу во тој говор.

Британскиот медиумски сервис Би-Би-Си објави дека студентите маршираат низ улиците на Истанбул под пороен дожд и ја извикувале опозициската парола „Не се плашиме, нема да замолчиме, нема да се потчиниме“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Продолжува насилството на улиците во Лос Анџелес, возач се обиде да изгази демонстранти

Горан Наумовски

Ѓулер: Турција нема да ги повлече своите трупи од Сирија

Турција уапси уште четири опозициски личности поради наводна корупција

Турските власти наредија притвор за членови на опозициската партија во Истанбул

Горан Наумовски

Турските власти издадоа налози за апсење на неколку опозициски функционери

Турските власти уапсија 61 воен офицер во операција против организацијата ФЕТО

Горан Наумовски