ВИДЕО: Демонстрации „против“ и „за“ Абас

Од:

Стотина Палестинци вчера протестираа во Газа барајќи оставка од претседателот на Палестинската Управа, Мухамед Абас, додека во Хербон, Западен Брег околу 2.500 Палестинци демонстрираа во знак на поддршка на лидерот на Фатах.

Протестите во Газа ги организираше Движењето слободна Газа, а демонстрантите извикуваа „Оди си, оди си Абас, тоа го бара народот“.

Против Абас протестираа не само приврзаниците на Хамас, туку и тие кои го поддржуваат Мухамед Дахран, поранешен претставник на Фатах во Појасот Газа, кој од 2011 година живее во егзил во Обединетите Арапски Емирати.

Во текот на изминатата година Абас го намали буџетот на Појасот Газа, кој е под контрола на ривалскиот Хамас со цел да изврши притисок врз исламистичката организација. Хамас во 2007 година насилно ја презеде контролата врз Појасот Газа од Фатах. Сите обиди за помирување на двета најголеми палестински фракции се неуспешни.

Абас раководи со Палестинската Управа, која е признаена од меѓународната заедница, а само делумно ја контролира другата палестинска територија – Западен Брег, кој е под окупација на Израел од 1967 година.

Појасот Газа од 2007 година е под блокада на Израел и на Египет. Палестинската Управа е против паричната помош што Појасот Газа последните месеци ја добива од Катар, во договор со Израел. Со тие средства се покрива дел од платите на вработените во јавните служби и овозможува снабдување со гориво.

Преседателскиот мандат на Абас истече уште во 2009 година, но тој се уште е на функција бидејќи до сега не се организирани избори. Тој во декември минатата година најави дека ќе го распушти Парламентот, кој со години не функционира.

 

Би можело да ве интересира

Демолирани се големи делови од кампот Џенин, повеќе од 40.000 Палестинци ги напуштаат своите домови

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ