Далај Лама, 87-годишниот духовен водач на Тибетанците, денеска се извини откако се појави видео на кое се слуѓа како му вели на едно момче „да му го цица јазикот“.
„Видеото што стана јавно ја покажува неодамнешна средба кога едно момче ја праша Неговата Светост Далај Лама дали може да го прегрне“, се вели во соопштението на Твитер профилот на протераниот лидер, кој има 19 милиони следбеници.
„Неговата Светост сака да им се извини на момчето и неговото семејство, како и на неговите многубројни пријатели ширум светот, за повредата што може да му ја нанесат неговите зборови“, се додава.
Dalai Lama sexually assaults a child!
Why isn’t the media talking about this?
— Oli London (@OliLondonTV) April 10, 2023
Во соопштението се вели дека лидерот Далај Лама „често ги задева луѓето што ги среќава на невин и разигран начин, дури и јавно и пред камери. Тој жали за инцидентот“.
На видеото, кое има милион прегледи на Твитер, се гледа и како добитникот на Нобеловата награда за мир очигледно го штипка момчето за усните пред публиката која се слуша како плеска и се смее додека маж го снима моментот на неговиот телефон. Ројтерс не ја потврди снимката.
Во соопштението се наведува дека лидерот Далај Лама „често ги задева луѓето што ги среќава на невин и разигран начин, дури и јавно и пред камери, и дека жали за инцидентот“.
На видеото кое има милион прегледи на Твитер, се гледа и добитникот на Нобеловата награда за мир кој ги „штипка“ усните на момчето во присуство на луѓе кои се смеат и аплаудираат.