Далај Лама сам треба да избере свој наследник

Од:

Повеќе од 150 тибетански верски лидери на денешната конференција во Дармшала оценија дека нивниот духовен лидер Далај Лама сам треба да избере свој наследник.

Во резолуцијата што денеска ја усвоија лидерите на конференцијата се наведува дека тибетанскиот народ нема да признае кандидат, кој поради политички цели ќе биде избран од кинеската Влада.

Прашањето за наследник на Далај Лама и кој ќе го води тибетанскиот будизам е долгогодишен спор помеѓу духовните лидери во егзил и Пекинг.

Далај Лама (84) побегна во Индија за време на неуспешното востание против кинеското владеење во 1959 година и живее во Дармшала, северна Индија.

Би можело да ве интересира

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка

Пет лица загинаа во пожар во индиска фабрика за парфеми, девет се водат како исчезнати