Циклонот Гита, кој минува низ Нов Зеланд предизвика сериозни штети во погодените области. Силните ветрови дувале со брзина до 140 километри на час.
Бурата донела интензивни врнежи, а дождот во низините и снегот во планините буквално ги преплавиле јужниот и централниот дел на земјата.
За помалку од два дена во погодените подрачја паднал речиси третина од годишниот просек на врнежи. Најчудната работа е тоа што ова се случува во време кога во Нов Зеланд е лето, пишуваат британските медиуми.
Во ски-центарот „Коронет Пик“ наврнале од 10 до 15 сантиметри снег.
„На некои места има снег и по половина метар. Сепак снегот нема да издржи многу во овој период“, изјави шефот на ски-центарот, Рос Лоренс.
Делови од патиштата во погодените области се преплавени со вода, па изгледаат како реки, а само во месноста Голден Беј 6.000 жители останале отсечени. Има големи проблеми во сообраќајот и комуникациите, но најлошото и натаму се очекува.
Во пет региони е прогласена вонредна состојба, а затворени се и повеќе од 120 училишта и 70 предучилишни установи.