ВИДЕО: ЦИА објави видео, се обидува да врбува шпиуни од Русија

Од:

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) вчера објави видео на кое се обидува да регрутира шпиони, односно Руси незадоволни од војната во Украина и животот во Русија. ЦИА прво го објави видеото на Телеграм, а потоа и на другите социјални мрежи, вклучувајќи ги Твитер, Инстаграм и Фејсбук. Видеото завршува со инструкции како анонимно и безбедно да контактирате со ЦИА.

Претставници на ЦИА вклучени во проектот велат дека руската инвазија на Украина создала историска можност „Русите да дојдат кај нас и да им ги дадат на САД потребните информации“. Неименуван функционер на ЦИА им рекол на Русите дека „агенцијата ги разбира подобро отколку што мислат“ и додаде дека ова видео има за цел да го демистифицира процесот на контактирање со ЦИА, пишува Си-Ен-Ен.

Со овој проект, ЦИА таргетираше група руски граѓани, за кои се верува дека брои илјадници, кои можеби имаат вредни информации. Многумина од нив можеби не знаат како да стапат во контакт со ЦИА или мислат дека информациите што ги имаат немаат посебна вредност.

Двеминутното видео покажува како Русите се занимаваат со нивниот секојдневен живот, навидум размислувајќи за важни одлуки. Темата за семејството се провлекува низ целото видео. „Поради моите постапки, ќе живееме достоинствено“, вели нараторот на руски додека жена во автомобил се јавува во ЦИА на телефон, пред да се појават логото на агенцијата и упатствата за контакт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна