ВИДЕО: Цел кинески град со пет милиони жители оди во карантин, вирусот пак се појави во Вухан

Од:

Кинеските власти воведоа нови ограничувања за борба против Ковид-19 во областите околу Пекинг и воведоа затворање за 4,9 милиони жители, бидејќи новите случаи на инфекција ги зголемуваат стравувањата од втор бран во земјата.

Бројот на нови случаи во Кина речиси е преполовен од претходниот ден, но локалните власти спроведуваат строги контролни мерки секогаш кога ќе се појават нови случаи за да се спречи економска парализа како пред една година.

Националната здравствена комисија денеска пријави 55 нови случаи на Ковид-19, во однос на 103 од претходниот ден. Провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, има 40 од вкупно 42 локално пренесени инфекции.

Градот Лангфанг во Хебеи соопшти дека неговите 4,9 милиони жители ќе останат во домашен карантин седум дена и ќе бидат подложени на масовно тестирање за Ковид-19.

Во меѓувреме, коронавирусот е откриен и кај две лица во Вухан, по што властите наредија затворање на областите во кои тие се движеле, меѓу кои и ресторани, продавници и пазари во квартот Ќиаоку, каде се одвива стерилизација, а вработените се тестираат.

Вкупниот број потврдени случаи на Ковид-19 регистрирани во континентална Кина сега е 87.591, додека бројот на смртни случаи остана 4.634.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски