(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Од:

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала во автономната област Тибет во југозападна Кина се искачи на 126, а 188 лица се повредени, јави агенцијата Синхуа.


Кинеската државна телевизија претходно објави за 95 загинати и 130 повредени.


Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а тимови трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други потреби на погодените, јавуваат кинеските државни медиуми.


Земјотресот се случи во раните утрински часови во областа Дингри, во градот Сигазе, рурална област популарна кај туристите поради близината на Монт Еверест.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Авганистан

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Се зголеми кинескиот извоз

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски