ВИДЕО: Британската војска спречи јавна егзекуција од страна на џихадисти од 3.200 километри оддалеченост

Од:

Британското министерство за одбрана објави видео на кое што се гледа како припадници на Кралската авијација од оддалеченост од околу 3.200 километри со помош на дрон спречуваат јавна егзекуција која што сакале да ја спроведат џихадисти во Сирија.

Припадници на Исламска држава во градот Абу Камал со закана со пушки собрале цивили и ги натерале да гледаат јавна егзекуција на двајца затвореници.

Затворениците ги довеле со комбе и ги покажале на публиакта, а целиот настан го следеле и британските војници во Линколншир со помош на дрон.

По неколку минути дале наредба дронот да гаѓа со проектил еден од припадниците на ИСИС, снајперист кој што бил на кров и внимавал никој да не побегне, пишува британски „Метро“.

Кога проектилот експлодира луѓето се разбегаа во паника и егзекуцијата беше прекината.

Од министерството рекоа дека не можеле да ги гаѓаат милитантите на земја бидејќи на тој начин би настрадале и цивили, па се решиле да го елиминираат снајперистот за да може другите да побегнат.

Најавено е дека пилотите кои управувале со дронот ќе бидат наградени со медали.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија