ВИДЕО: Братот на Ашраф Гани им се приклучи на талибанците

Од:

Хашмат Гани Ахмадџај, братот на пребеганиот авганистански претседател, Ашраф Гани, му се приклучи на радикалното талибанско движење, се наведува во пораката објавена на Твитер на страницата на Исламскиот емират на Авганистан.

„Хашмат Гани, братот на поранешниот претседател Ашраф Гани, се приклучи на Исламскиот емират на Авганистан со помош на внукот на лидерот на мрежата Хакани, Халил ал Рахман Хакани“, се наведува во соопштението.

Притоа талибанците објавија и фотографија на која Хашмат Гани се ракува со нивни претставници.

Хашмат Гани (60) од 2002 година е претседател на Големиот совет на кучите (етничка група блиска до Паштуните во Авганистан). Покрај тоа, тој го предводи деловниот конзорциум „Гани груп“, што во себе вклучува компании што обезбедуваат услуги во областа на безбедноста за приватни и јавни клиенти, увоз и извоз, градежништво и недвижен имот. Седиштето на компанијата е во Кабул, а една од филијалите се наоѓа во Дубаи.

Откако Американците објавија дека се повлекуваат од Авганистан, талибанците извршија брза акција насочена против владините сили и во Кабул влегоа без отпор на 15 август.

Гани ја напушти земјата, како што подоцна соопшти, „за да се избегне крвопролевање“, а на 18 август Обединетите Арапски Емирати објавија дека му дале азил на Гани и на неговото семејство.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан