(ВИДЕО) Бомбашки напад во забавен центар во Турција: Има повредени

Од:

Седум лица се повредени, од кои тројца потешко, во експлозија на гранати фрлени од две лица на мотоцикл во забавен центар во Истанбул. Забавниот центар во населбата Кагитане беше нападнат околу 1.40 часот по локално време. Според последните информации, бомбите биле фрлени на вториот кат од петкатна зграда што се користи како место за забава, објави весникот „Хуриет“, повикувајќи се на агенцијата Ихлас (ИХА).

На местото на настанот беа испратени екипи за итни случаи противпожарни екипи.

Екипите, исто така, ги прегледаа снимките од безбедносните камери во областа за да ги идентификуваат напаѓачите.

Седум лица, од кои тројца се тешко повредени, беа префрлени со амбулантно возило во блиските болници.

Би можело да ве интересира

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО

Спречен бомбашки напад пред Банка на Америка во Париз

А1он

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда