(ВИДЕО) Би-Би-Си: Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во Русија

Од:

Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во Русија, објави Би-Би-Си. Со него загинаа уште девет лица, пишува Би-Би-Си.

Според Тасс, авионот се урнал во регионот Твер. Сите што беа во авионот загинаа. Авионот, пишува Тасс, летал од Шереметјево за Санк Петербург. Во авионот имало тројца пилоти и седум членови на екипажот.

Тасс од итната помош дознава дека се пронајдени телата на четири лица. Додаваат и дека авионот изгорел на земја и дека летал помалку од половина час.

Федералната управа за авијација започна истрага за несреќата. Одделот извести дека меѓу патниците во авионот бил и Евгениј Пригожин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски