Едно лице загина, а едно е повредено откако човек, за кого полицијата соопшти само дека е идентификуван како бездомник, украл општинско камионче за смет во париската населба Ла Дефанс и со него влетал во пешачка зона, газејќи ги луѓето пред себе, јавуваат француските медиуми.
Според полицијата, нема сомнение дека возачот намерно ги газел луѓето. Откако двете лица биле повредени – едното од нив починало на местото на инцидентот, а другото е итно префрлено во болница, возачот излегол од камиончето и се обидел да бега.
Притиснат од полицајците кои го гонеле, бездомникот се обидел да се убие скокајќи на пруга, но бил спречен и уапсен. Полицијата ги истражува мотивите за нападот, но соопшти дека исклучува тероризам во случајот.