ВИДЕО: Без амбулатни возила и опрема да ги евакуираат пациентите, Израел и даде еден час на болницата Ал-Шифа

Од:

Израелските сили им дадоа еден час на лекарите, пациентите и раселените лица во болницата Ал Шифа во Газа да го евакуираат медицинскиот комплекс, предизвикувајќи „голема паника и страв“, објави Ал Џезира.

Медицински извор во Ал-Шифа изјави за Ал Џезира дека е „невозможно“ да се евакуира болницата бидејќи во установата, која со денови е бомбардирана и опколена од израелските војници, се сместени околу 7.000 луѓе, вклучително и пациенти кои се во критична состојба.

– Немаат амбулантни возила за префрлање пациенти и предвремено родени бебиња на југот на Газа – рече тој.

Во болницата има најмалку 300 пациенти, од кои некои или повеќето се во тешка или критична состојба, како и илјадници раселени семејства.

Вклучува и најмалку 35 предвремено родени бебиња кои осум дена се надвор од инкубаторите поради недостаток на кислород и струја. 39 бебиња останаа без инкубатори – четири починаа доцна во петокот, а пет сега се тешко болни, според Ал Џезира.

Израелската армија им наложи на луѓето да се евакуираат преку улицата Ал Рашид, што не е вообичаената улица или рута по која треба да поминат луѓето кои се евакуираат на југ.

– Тие обично одат по улицата Салах ал-Дин – рекол изворот.

Израелската војска соопшти дека во болницата Ал Шифа во Газа пронашла „муниција, оружје и воена опрема“ на палестинското движење Хамас, што Хамас го негира.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски