(ВИДЕО) Беснее војната на Блискиот Исток: Хамас го засипа Тел Авив со 130 ракети

Од:

Судирите меѓу израелските сили и движењето на Палестинците Хамас, вечерва влезе во нова и поинтензивна фаза, откако Хамас истрела над 130 ракети врз Тел Авив, економскиот и технолошкиот центар на Израел и долгогодишен главен град на еврејската држава. Во соопштение по нападот, Хамас наведе дека тој е одговор на денешниот израелски воздушен удар врз станбена зграда во Газа, во кој загинаа најмалку 28 палестински цивили.

„Сега го исполнуваме ветувањето со голем ракетен напад врз Тел Авив и неговите предградија, со 130 ракети, како одговор на непријателските гаѓања врз станбени згради“, се вели во соопштението на вооруженото крило на Хамас, кое објави и снимка од истрелувањето на ракетите од Газа.

Сирените за воздушен напад се активирале во Тел Авив, по што низ целиот град се слушнале повеќе експлозии. Според официјални извори, во ракетирањето една жена го загубила животот, а вкупно тројца Израелци загинале во многубројните денешни напади од Газа врз израелска територија, во кои наводно биле истрелани над 500 ракети.

Во екот на конфликтот, кој започна откако израелски војници пред неколку дена упаднаа во џамијата ал-Акса во Ерусалим, израелската авијација рано утринава погоди 13-катна зграда полна со луѓе во Газа, а моментот на страотниот напад беше забележан на снимка објавена на социјалните мрежи.

Жителите на зградата, која целосно се урна по нападот, беа предупредени и евакуирани еден час пред израелските ракетни напади. Во погодениот објект била сместена канцеларија на политичкото раководство на исламистичката група Хамас, која де факто управува со палестинската територија во Газа.

Во меѓувреме, сите летови од и кон аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив се прекинати поради ракетниот напад од Појасот Газа.

Израел денеска испрати 80 воени авиони да ја бомбардираат палестинската енклава, a распореди и голем број тенкови долж границата, по вториот ден ракетни напад врз израелски градови.

Властите во Газа се уште немаат пријавено повредени или загинати. Еден Палестинец е убиен, а друг е ранет денеска од израелската војска во северниот дел на Западниот брег, според палестински извори, кои додаваат дека двајцата загинати работеле за палестинското разузнавање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски