ВИДЕО: Бебето кое таткото го даде на американските војници во Кабул е излечено и вратено кај родителите

Од:

Бебето, кое таткото го предаде на американските војници преку бодликава жица на аеродромот во Кабул, повторно е со своето семејство.

Хаотични сцени пред аеродромот во Кабул се гледаат секој ден, бидејќи илјадници Авганистанци и странци се обидуваат да ја напуштат земјата по освојувањето на власта од страна на талибанците. Во петокот на социјалните мрежи се појави видео снимка од татко кој го дава своето дете во рацете на американските војници.

– Родителот побара од маринците да го спасат бебето затоа што беше болно, па маринецот го зема преку ѕидот од бодликава жица и го однесе во норвешката болница лоцирана на аеродромот. Лекарите го излечиле бебето и го вратиле на таткото – изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана, Џон Кирби.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан