ВИДЕО: Барбара Стрејсенд во својата нова песна жестоко го нападна Трамп

Од:

Познатата американска актерка и пејачка Барбра Стрејсенд вели дека, пишувајќи ја својата нова песна со политичка порака, таа имала намера да биде суптилна кон претседателот Доналд Трамп, но, потоа „се тргнало жестоко“.

Со песната „Немој да ме лажеш”, објавена денеска, Барбра Стрејсанд поставува прашања до американскиот претседател и го моли за промени.

Песната гласи: Како спиете кога светот се врти/ Се што изградивме е урнато/ Како спиете кога светот гори / Секој одговара на некого …

Стрејсенд истакна дека не може да го поднесе тоа што се случува.

– Неговиот напад врз нашата демократија, нашите институции, нашите основачи. Мислам дека сме во конфликт, ние сме во војна за душата на Америка, вели Стрејсенд.

Песната „Немој да ме лажеш“ се наоѓа на нејзиниот нов албум „Ѕидови“, кој ќе биде објавен на 2 ноември.

Би можело да ве интересира

Дански медиуми: Синот на Трамп ангажира бездомници на Гренланд за да се претставуваат како негови поддржувачи

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

АП: Трамп подготвува повеќе од 100 извршни наредби на првиот ден во Белата куќа

Мицкоски оди на инаугурацијата на Трамп

Катерина Ѓуровски