(ВИДЕО) Бајден сака повторно да биде претседател на САД: Со новинарите се пошегува на неговата возраст

Од:

Додека Франција гори поради плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање, Џо Бајден (80) сака да работи во Белата куќа уште четири години. Американскиот претседател беше полн со шеги и смешки за неговата возраст на вчерашната гала вечера за дописниците од Белата куќа. Годишната церемонија, која го обединува целиот политички и медиумски Вашингтон, во принцип го слави првиот амандман на американскиот Устав кој ја штити слободата на печатот. Но, во пракса, главно се паметат шегите.

Комичарот од „Дејли шоу“ Рој Вуд Џуниор. зборуваше за возраста на Џо Бајден, кој доколку биде избран на претседателските избори за втор мандат, би можел да остане на функцијата до 86 години. Тој ги спомена демонстрациите во Франција против зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 64 години.

„Се побунија затоа што не сакаа да работат до 64 години. Во меѓувреме, во Америка имаме 80-годишник кој не моли да работиме уште четири години“, се пошегува тој предизвикувајќи широка насмевка од шефот на државата кој седеше на неколку метри.

„Дозволете ми да ја завршам работата“ – тоа не е слоган на кампањата, тоа е негова молба“, рече комичарот. „Кажете што сакате за нашиот претседател, но кога ќе се разбуди од дремката, работата е завршена“, додаде тој. Наречете ме стар, но јас тоа го нарекувам искусен“, одговори претседателот.

Бајден резервирал шега и за Руперт Мардок, 92-годишниот медиумски магнат и сопственик на конзервативниот канал Фокс њуз. „Можеби мислите дека не ми се допаѓа Руперт Мардок. Тоа не е точно. Како да не ми се допаѓа човек кој ме прави да личам на Хари Стајлс се пошегува американскиот претесдател зборувајќи за 29-годишната британска поп ѕвезда.

Атрактивноста на вечерата на дописниците, одржана во големата сала на Вашингтон Хилтон, малку се намали во последниве години, поради бојкотот на Доналд Трамп и пандемијата.

Но, оваа година настанот беше распродаден, со 2.600 гости, меѓу кои и Бајден и потпретседателката Камала Харис. Присуството на двајцата шефови на извршната власт ја оживеа традицијата изгубена од претседателствувањето на Доналд Трамп. Пред вечерата, Бајден се сретна со семејството на американскиот новинар Еван Гершкович, затворен во Русија. „Ние работиме секој ден за да го обезбедиме неговото ослободување“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа