ВИДЕО: Бајден ја прими вакцината на „Фајзер“ пред камери

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, ја прими првата од двете дози на новата вакцина против Ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“, во обид да ја истакне нејзината безбедност и да биде пример за милиони Американци кои се очекува да се вакцинираат.

Во присуство на голем број медиуми, Бајден се вакцинираше во клиника во Њуарк, во родната држава Делавер, а настанот се пренесуваше во живо и на Си-ен-ен, меѓу многуте други телевизии и интернет канали.

Откако кажа „Спремен сум“, Бајден го заврте ракавот на левата рака, пред да ја добие инјекцијата.

„Ви должиме многу,“ ѝ кажа новоизбраниот претседател на медицинската сестра Тејб Масе, која го вакцинираше. Бајден носеше заштитна маска и му се заблагодари и на целиот персонал во клиниката.

Во изјавата по имунизацијата, тој исто така ѝ оддаде признание на администрацијата на претседателот во заминување Доналд Трамп, за нејзините напори за брзо обезбедување и одобрување на вакцината.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел