Снимки што ја покажуваат суровоста и грдотијата на војната секојдневно пристигнуваат од Нагорно Карабах, а во една од нив, објавена деновиве, се гледа како азербејџански војници ја кршат покуќнината во куќа напуштена од Ерменци, во населба која со мировниот договор му припадна на Азербејџан.
По речиси три децении во кои немаше суверенитет врз Нагорно Карабах, Азербејџан деновиве ја поврати контролата врз делови од спорната област населена со Ерменци, откако излезе како победник од неколкунеделната војна против Ерменија, во која загинаа над илјада луѓе од двете страни.