ВИДЕО: Авион слетува во Тел Авив додека „Железената купола“ урива ракети на Хамас

Од:

На интернет стана вирално видео од патнички авион кој слета на главниот израелски аеродром додека противракетниот систем ги соборува ракетите на Хамас до него.

Израелската телевизија прикажа снимка од авион кој се приближува до аеродромот Бен Гурион додека противракетниот систем „Железна купола“ соборува ракети од Појасот Газа.

Повеќето меѓународни авиокомпании ги откажаа своите летови за Израел поради безбедносни причини по 7 октомври, кога започна конфликтот меѓу Израел и Хамас. Илјадници ракети од палестинската милитантна група беа лансирани на израелска територија во изминатите два месеци, вклучително и во правец на аеродромот.

И покрај тоа, израелската авиокомпанија Ел Ал продолжува да лета до и од Тел Авив.

Таа компанија пред две децении прва ги опреми патничките авиони со противракетни системи.

Би можело да ве интересира

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас