(ВИДЕО) Авион на американската морнарица ја промаши пистата и слета во вода

Од:

Авион на американската морнарица ја прелета пистата и слета во залив на Хаваи. Властите соопштија дека сите девет лица во авионот се неповредени. Крајбрежната стража реагираше, но спасувачките операции беа брзо прекинати, потврди офицерот Рајан Фишер, портпарол на крајбрежната стража.

Авионот P-8A ја прелета пистата во базата Канеохе изјави наредникот Орландо Перез, портпарол на американскиот маринци.

Фотографијата направена од сведок го покажува авионот на вода веднаш до брегот, сцена која потсетува на „Чудото на Хадсон“ од 2009 година кога комерцијален патнички авион управуван од Чесли „Сали“ Саленбергер принудно слета во реката во Њујорк.

Тогаш преживеаја сите 155 луѓе во авионот. П-8А и Ербас А320 што ги пилотира Саленбергер се приближно со иста големина, пишува Асошиетед прес.

Противпожарната служба во Хонолулу добила пријава за соборениот авион веднаш по 14 часот по локално време, изјави портпаролот Малколм К. Медрано.

„Во тоа време беше облачно и врнежливо. Видливоста беше околу 1,5 километар“, рече Томас Вон, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Хонолулу.

П-8А често се користи за борба против подморница и за извидување и собирање разузнавачки информации.

Би можело да ве интересира

Вoлц: Израел има право да го брани својот народ од терористите на Хамас

Хамнеи: Американци, правите голема грешка

ЕУ ги одложи царините против Америка за еден месец

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал