(ВИДЕО) Анонимуси: НАСА наскоро ќе објави за постоење на вонземјани

Од:

Познатата хакерска мрежа Анонимуси на службената страница постави видео во кое најавуваат дека НАСА наскоро ќе објави дека постои интелегентен вонземски живот.

За да се види за што станува збор потребно е да се анализира видео пораката која во изминатите шест дена на ЈуТјуб е прегледана повеќе од милион пати.

Фајлот на ЈуТјуб е поставен на 20 јуни само еден ден откако НАСА објави дека научници со помош на вселенскиот телескоп Кеплер откриле 219 можни нови екстрасоларни планети од кои на десетина може да наликуваат на Земјата.

Друг повод се коментарите на портпаролот на НАСА Томас Курбухен искажани пред американскиот Конгрес на 26 април.

– Имајќи ги предвид сите различни активности и мисии кои трагаат по докази за постоење вонземен живот, се наоѓаме близу едно од најголемите откритија во историјата, рече тој.

Идната година НАСА планира лансирање на нов, понапреден телескоп во вселената за трагање по планети и живот во вселената – вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Таа суперсензитивна мисија ќе може да открива траги од вода, метан, озон, кислород и други хемикалии во атмосферите на егзопланетите.

Би можело да ве интересира

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ