ВИДЕО: Американски новинар во Венецуела истражува дали се празни продавниците

Од:

Повеќето западни медиуми пренесуваат приказни за празните рафтови и гладот во Венецуела. Американскиот новинар Маркс Блументал кој подолго време ја следи ситуацијата во Венецуела го посети Каракас и тврди дека ситуацијата не е толку депресивна како што медиумите ја прикажуваат подолг период.

Тој на своја рака посетил неколку маркети во главниот град на Венецуела и како што тврди во неговото видео нема голем недостаток на храна и продукти како што се зборува во медиумите.

Според него, има избор на месни и млечни производи, па дури и миризлива тоалетна хартија, шампони и секакви средства за хигинена.

-Проблемот е што е уништена куповната моќ на населението со оглед дека валутата на Венецуела е сосема ослабната поради хиперинфлацијата, поради шпекулациите и поплавата од долари кои владата не може да ги контролира овде, наведува новинарот.

Би можело да ве интересира

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е