Американската полиција уби уште еден Афроамериканец, 27-годишниот Рајшард Брукс.
Полициски службеници во Атланта пукале и го убиле 27-годишниот Афроамериканец, откако го пронашле како спие во близина на авто-пункт на еден ланец за брза храна.
Полицијата добила повик бидејќи неговиот автомобил го блокирал преминот на другите возила. Откако го тестирале, било јасно дека тој е под дејство на алкохол.
Во полицискиот извештај се наведува дека дошло до турканица, поради што еден од полицајците извадил електричен шокер.
За време на пресметката, Брукс го грабнал шокерот, по што полицијата го застрелала.