ВИДЕО: Американците го срушија кинескиот балон, објавена снимка

Од:

Американската војска го собори балонот кој леташе над САД над Атлантскиот Океан, а за кој тврди дека е кинески шпионски балон, потврди американски официјален претставник, пренесува Си-Ен-Ен. Соборувањето на балоните беше одобрено од американскиот претседател Џо Бајден, додаде истиот функционер за Си-Ен-Ен.

Американската морнарица и крајбрежната стража се ставени во состојба на готовност. Во тек е операција за извлекување на балонот од морето во близина на брегот на Каролина, каде што американската војска наводно го соборила.

Американците затворија три аеродроми, а воздушниот простор долж брегот на Јужна Каролина беше затворен бидејќи воените авиони го гаѓаа балонот над Атлантскиот Океан. На социјалните мрежи веќе е објавено видео од воени авиони како пукаат во балон кој потоа паѓа во океанот.

Балонот беше откриен над Монтана во средата, во воена база каде што според извештаите се чуваат 150 интерконтинентални балистички ракети вооружени со нуклеарни боеви глави.

Кина денеска ги отфрли обвинувањата за шпионажа, велејќи дека станува збор за истражувачки балон кој излегол од рутата поради „виша сила“ и ги обвини американските политичари и медиумите дека ја искористуваат ситуацијата за да ја оцрнат Кина. Пентагон во петокот соопшти дека втор кинески балон е забележан во Латинска Америка, но не ја прецизираше точната локација.

Би можело да ве интересира

Полицијата во САД идентификуваше жена која беше убиена со чекан па запалена во 1991 година

Катерина Павлова-Николовска

Доказите сугерираат дека Путин не успеал да обезбеди билатерално партнерство без ограничувања со Кина

САД: Украина ќе ги добие нашите тенкови Абрамс до есен

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шефот на НАТО: Русија побара од Кина смртоносно оружје

Ана Ололовска

Си Џинпинг: Кина е на вистинската страна на историјата кога станува збор за Украина

Ана Ололовска

Путин до Си Џинпинг: Русија сака Кинезите да ги заменат западните компании

Ана Ололовска