ВИДЕО: Ал Каеда објави снимка од двајца заложници

Од:

Ал Каеда објави видео запис на кој заложниците, Французинот Серж Лазаревиќ и Холанѓанецот Сјак Ријке апелираат до владите на своите држави да преговарат за нивно ослободување.

Снимката која што е објавена на џихадистички форум се состои од две сцени на кои се гледа, дека заложниците се на различни локации.

Најпрвин се појавува педесетгодишниот Лазаревиќ, кој пред речиси три години беше грабнат во Мали.

-Многу сум болен, стравува дека животот ми е во опасност поради француската интервенција во Ирак. Ве молам претседателе Оланд да направите се да бидам ослободен, бидејќи вие сте одговорни за тоа што ќе ми се случи- вели Лазаревиќ, кој својот говор го завршува со порака до семејството.

Канцеларијата на францускиот претседател соопшти дека се утврдува автентичноста на овој запис. Во соопштението се наведува дека Оланд е во контакт со сите држави во регионот и дека ги користи сите форми за дијалог со цел да го ослободи заложникот.

Последен доказ дека Лазаревиќ е жив имаше во јуни, додека Филип Вердон, Французинот кој беше грабнат заедно со Лазаревиќ е убиен минатата година на север на Мали.

Во вториот дел од видео записот се појавува Холанѓанецот Ријке, кој во ноември 2011 година беше грабнат од еден ресторан во тек на патување во Сахара.

-Денес е 26-ти септември 2014 година и има повеќе од 1.000 денови откако сум грабнат. Сметам дека мојата влада е одговорна доколку нешто лошо ми се случи. Ве молам помогнете ми вели тој и додава дека покрај болките во грбот се наоѓа во лоша емотивна состојба.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ал Каеда има нов шеф

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Убиен лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири

Катерина Ѓуровски

Лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахри, ги обвини САД за војната во Украина

Ана Ололовска

Десет членови на Ал Каеда избегаа од затвор во Јемен

А1он

Висок лидер во Ал Каеда убиен во американски напад со дрон во Сирија

Катерина Ѓуровски