ВИДЕО: 90-годишна жена од Британија прва ја прими вакцината против Ковид-19

Од:

90-годишната Маргарет Кинан стана првата пациентка во светот што ја прими вакцината против Ковид-19 на Фајзер, откако минатата недела Велика Британија ја одобри употребата на оваа вакцина против коронавирус.

Кинан ја прими вакцината во 6,45 часот наутро во Ковентри, означувајќи го почетокот на историската програма за масовна вакцинација.

Вакцинацијата од денеска ќе се извршува во неколку болнички центри низ целата земја.

Кинан, позната на семејството и пријателите како Меги, ја прими вакцината од медицинската сестра Меј Парсонс во нејзината локална болница во Ковентри. Поранешниот асистент во продавница за накит, кој следната недела полни 91 година, се пензионираше само пред четири години.

„Се чувствувам толку привилегирано што сум првата личност вакцинирана против Ковид-19, тоа е најдобриот подарок за роденден што можев да го посакам, бидејќи тоа значи дека конечно ќе можам да поминувам време со моето семејство и пријателите во новата година, откако бев сама во поголемиот дел од времето“, рече Маргарет.

Велика Британија нарача 40 милиони дози вакцина, доволни за помалку од една третина од населението, кое брои 67 милиони и е прва западна земја што денеска почна со имунизацијата на жителите.

Вакцината на Фајзер и БиоНтек треба да се чува на температура од минус 70 степени Целзиусови и се потребни две дози за да се создаде имунитет.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски