ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Од:

77 китови се насукаа на брегот во Оркни, Шкотска. Тоа е едно од најголемите масовни насукувања во последните децении.

Нуркачите на британскиот BDMLR открија дека 12 животни на плажата Треснес на островот Сандеј сè уште биле живи во моментот на насукањето. Но, тие биле еутаназирани откако спасувачите не успеале да ги вратат во морето. Експертите велат дека е премногу рано да се знае што го предизвикало заглавувањето, пренесува Би-Би-Си.

Патем, ова е најголемото насукување во Шкотска од 1995 година, и покрај фактот што имаше некои од слични размери во последните години. Според Природонаучниот музеј на Велика Британија, најголемото насукување се случило во 1927 година, кога умреле 126 китови.

Портпаролот на Советот на островот Оркни рече дека во тек се дискусии со претставниците на заедницата за тоа како најдобро да се отстранат труповите на животните: „Во претходните околности кога китовите се насукаа на нашиот брег и последователно умреа, пристапот на нашиот тим за здравје на животната средина за отстранување на труповите беше да и се дозволи на природата да го прдолжи својот тек – со советување на јавноста да се држат настрана од областа.

„Нашата проценка во овој случај, со оглед на размерите и веројатните последици по јавното здравје, е дека ќе треба да се преземат појасни мерки, на пример да се закопаат таму каде што се или да се отстранат телата со масовно погребување на друго место.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

„Китови убијци“ потопија 15-метарската едрилица

Горан Наумовски

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Во Австралија се насукаа 160 китови, спасувањето е во тек

Горан Наумовски

Група китови се забележани во Јадранското Море кај Корчула

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска